Руската буржоаска револуција од 1905 година покажа еден извонредно оригинален завој на светската историја: во една од најзаостанатите капиталистички земји за прв пат во светот беше постигната невидена широчина и сила на штрајкувачкото движење. Само во првиот месец од 1905 година бројот на штрајкувачите го надмина за десет пати средниот годишен број штрајкувачи во претходните десет години (1895—1904), а од јануари до октомври 1905 година штрајковите растеа непрекинато и во огромни размери. Заостаната Русија, под влијанието на ред совршено своеобразни историски услови, го покажа прва во светот не само скоковитиот пораст на активноста на угнетените маси во време на револуцијата (тоа станувало во сите големи револуции), туку и значењето на пролетаријатот, бескрајно поголемо одошто е неговиот удел во населението, комбинирањето на економскиот и политичкиот штрајк, со претворањето на последниот во вооружено востание, раѓањето на новата форма на масовна борба и на масовна организација на класите угнетени од капитализмот — советите.
Февруарската и Октомвриската револуција во 1917 година ги доведоа советите до сестран развиток во национални размери, потоа до нивната победа во пролетерскиот, социјалистичкиот преврат. И за помалку од две години се пројави интернационалниот карактер на советите, проширувањето на таа форма на борба и организација врз светското работничко движење, историската мисија на советите да бидат гробар, наследник, преемник на буржоаскиот парламентаризам, на буржоаската демократија воопшто.
Нешто повеќе. Историјата на работничкото движење покажува сега дека во сите земји нему му претстои да ја преживее (и оно веќе почнало да ја преживува) борбата на комунизмот — којшто се зараѓа, се закрепнува и оди кон победа — пред сè и главно против својот (за секоја земја) „меншевизам“, т.е. опортунизам и социјал-шовинизмот; второ — и во вид, така да се рече, на дополнение — против „левиот“ кому-

Седумдесет и седмата страница од Лениновиот ракопис „Левичарството“ детска болест во комунизмот“ (април—мај 1920)
низам. Првата борба се разгоре во сите земји без ниеден, како што се покажа, исклучок, како борба помеѓу Втората (сега фактички веќе мртва) и Третата интернационала. Втората борба се гледа и во Германија, и во Англија, и во Италија, и во Америка (барем извесен дел од „Индустриските работници на светот“ и од анархосиндикалистичките струи ги бранат грешките на левиот комунизам наедно со речиси сеопштото, речиси безрезервното признавање на советскиот систем), и во Франција (односот на дел од бившите синдикалисти кон политичката партија и кон парламентаризмот, пак наедно со признавањето на советскиот систем), т.с., несомнено, не само во интернационални, туку и во светски размери.
Но, поминувајќи насекаде низ еднородна, всушност подготовителна школа за победа над буржоазијата, работничкото движење на секоја земја го остварува тој развиток на свој начин. При тоа, крупните, развиените капиталистички земји одат по тој пат многу побрзо одошто болшевизмот, којшто доби од историјата петнаесетгодишен срок за својата подготовка како организирана политичка струја за победа. Третата интернационала во толку краток, едногодишен срок, веќе постигна решителна победа, ја разби Втората, жолтата, социјалистичка интернационала, којашто само пред неколку месеци беше неспоредливо посилна од Третата, изгледаше цврста и моќна, уживаше сестрана — директна и индиректна, материјална (министерски места, пасоши, печат) и идејна помош од светската буржоазија.
Сета работа е сега во тоа комунистите од секоја земја наполно свесно да ги земат предвид како основните принципиелни задачи на борбата против опортунизмот и „левото“ доктринерство, така и конкретните особености што таа борба ги зема и неизбежно мора да ги зема во секоја одделна земја, согласно со оригиналните црти на нејзината економика, политика, култура, на нејзиниот национален состав (Искра и др.), на нејзините колонии, нејзините верски поделби итн. итн. Насекаде се чувствува, се шири и расте незадоволството со Втората интернационала и поради нејзиниот опортунизам и поради нејзиното неумеење или неспособност да создаде навистина централизиран, навистина способен да ја насочува меѓународната тактика на револуционерниот пролетаријат во неговата борба за светска советска република. Потребно е јасно да се сфати дека таков раководен центар во никој случај не може да се изгради врз шаблонизирање, врз механичко изедначување, идентификување на тактичките правила на борбата. Додека постојат национални и државни разлики меѓу народите и земјите — а тие разлики ќе се одржуваат уште многу и многу долго дури и по остварувањето на диктатурата на пролетаријатот во светски размери — единството на интернационалната тактика на комунистичкото работничко движење на сите земји бара не отстранување на разнообразноста, не уништување на националните разлики (во сегашниов момент тоа е глупава мечта), туку такво применување на основните принципи на комунизмот (советска власт и диктатура на пролетаријатот) коешто правилно би ги видоизменило тие принципи во нивните посебности, правилно би ги приспособувало, би ги применувало кон националните и национално-државните разлики. Да се испита, да се изучи, да се најде, да се одгатне, да се долови национално-особеното, национално-специфичното во конкретните приоѓања на секоја земја кон решавањето на единствената интернационална задача, кон победата над опортунизмот и левото доктринерство во работничкото движење, кон соборување на буржоазијата, кон воспоставувањето на советската република и пролетерската диктатура — ете во што е главната задача на историскиот момент што го преживуваат сите развиени (и не само развиени) земји. Сето главно — се разбира, уште ни оддалеку не е сторено, но главното во привлекувањето на авангардата на работничката класа, во нејзиното преминување на страната на советската власт против парламентаризмот, на страната на диктатурата на пролетаријатот против буржоаската демократија, веќе е сторено. Сега треба да се сосредоточат сите сили, сето внимание на следниот чекор, којшто изгледа — и, од извесно гледиште, навистина е — помалку основен, но кој е затоа практично поблизок до практичното решение на задачата, имено: на изнаоѓањето на формата на преоѓањето или приоѓањето кон пролетерската револуција.
Пролетерската авангарда идејно е освоена. Тоа е главното. Без тоа не може да се направи ни првиот чекор кон победата. Но од тоа уште е доста далеку до победата. Само со авангардата не може да се победи. Да се фрли само авангардата во решителниот бој, додека целата класа, додека широките маси не зазеле позиција било на непосредна поддршка на авангардата, било, барем, на благонаклона неутралност кон неа и на полна неспособност да го поддржуваат нејзиниот противник, би било не само глупост, туку злосторство. А за да може навистина целата класа, навистина широките маси на трудбениците и угнетените од капиталот да дојдат до таква позиција, за тоа не е доволна само пропаганда, само агитација. За тоа е потребен сопствен политички опит на тие маси. Тоа е основниот закон на сите големи револуции, којшто сега го потврди со порозна сила и релјефност не само Русија туку и Германија. Не само некултурните, често неписмени маси во Русија, туку и високо културните, стопроцентно писмени маси на Германија, требаше да ја испитаат на сопствената кожа сета бессилност, сета бескарактерност, сето лажејство пред буржоазијата, сета подлост на владата на рицарите од Втората интернационала, сета неизбежност на диктатурата на крајните реакционери (Корнилов во Русија, Кап и комп. во Германија) како единствена алтернатива наспроти диктатурата на пролетаријатот, за да свртат решително кон комунизмот.
Наредната задача на свесната авангарда на меѓународното работничко движење, т.е. на комунистичките партии, групи, струи е: да умеат да ги доведат широките (сега во повеќето случаи уште заспани, апатични, зачмаени, застојани, непробудени) маси кон таа нова положба или, поточно, да умеат да ја раководат не само својата партија, туку и тие маси во текот на нивното приоѓање, преоѓање кон нова позиција. Ако првата историска задача (да се привлече свесната авангарда на пролетаријатот на страната на советската власт и диктатурата на работничката класа) не можеше да се реши без полната, идејна и политичка, победа над опортунизмот и социјал-шовинизмот, втората задача, којашто сега се поставува на дневен ред и која се состои во умеењето да се доведат масите на нова позиција која може да ја осигури победата на авангардата во револуцијата, таа наредна задача не може да се изврши без ликвидирање на левото доктринерство, без полного надвивање на неговите погрешки, без избавувањето од нив.
Додека зборот беше (и до колку уште е зборот) за привлекување на авангардата на пролетаријатот на страната на комунизмот, дотогаш и до толку на прво место се издига пропагандата; дури и кружоците што ги имаат сите слабости на кружоковштината овде се полезни и даваат плодни резултати. Кога станува збор за практична акција на масите, за разместувањето — ако е дозволено така да се изразам — на милиони армии, за распоредот на сите класни сили на дадено општество за последниот и решителен бој, овде само со пропагандна вештина, само со повторување на вистините на „чистиот“ комунизам ништо не можеш да сториш. Тука треба да се смета не со илјади, како што всушност смета пропагандистот, член на мала група која уште не раководела маси; туку треба да се смета со милиони и десетици милиони. Тука треба да се запрашаме не само дали сме ја убедиле авангардата на револуционерната класа — туку уште и за тоа дали историски активните сили на сите класи, задолжително на сите класи на дадено општество без исклучок, се разместени така, што (1) сите нам непријателски класни сили доволно да се заплеткале, доволно да се закрвиле меѓу себе, доволно да се ослабиле во таа борба, којашто ги надминува нивните сили; што (2) сите колебливи, несигурни, непостојани, преодни елементи, — т.е. ситната буржоазија, ситнобуржоаската демократија за разлика од буржоазијата, доволно да се разобличиле пред народот, доволно да се дискредитирале со своето практично банкротство; што (3) во пролетаријатот се создало и фатило моќно да се надига масовно настроение во полза на најрешителните, крајно смели, револуционерни акции против буржоазијата. Ете тогаш револуцијата е узреана, ете тогаш, ако точно сме ги зеле предвид сите, горе набележани, горе накратко оцртани услови и точно сме го одбрале моментот, нашата победа е осигурена.
Разидувањата помеѓу Черчиловци и Лојд Џорџовци — овие политички типови ги има во сите земји со ништожни национални разлики, — од една страна; потоа помеѓу Хендерсоновци и Лојд Џорџовци, од друга страна, се совршено неважни и ситни од гледиштето на чистиот, т.е. апстрактниот т.е. до практична, масова, политичка акција уште недозреан комунизам. Но од гледиштето на таа практична акција на масите овие разлики се извонредно, извонредно важни. Во земањето предвид тие разлики, во определувањето на моментот на полното узревање на неизбежните конфликти меѓу тие „пријатели“, конфликти што ги ослабуваат и ги обессилуваат сите „пријатели“, земени заедно, се состои сета работа, сета задача на комунистот којшто сака да биде не само свесен, убеден, идеен пропагандист, туку и практичен раководител на масите во револуцијата. Треба да се соединат најстрогата преданост кон идеите на комунизмот со умеењето да се направат нужните практични компромиси, лавирања, пактирања, зигзаци, отстапувања и слично, за да се забрза остварувањето и изживувањето на политичката власт на Хендерсоновци (хероите на Втората интернационала, ако зборуваме не посочувајќи ги имињата на одделните лица, на претставниците на ситнобуржоаската демократија што себе се нарекуваат социјалисти), да се забрза нивното неизбежно банкротство на практика, коешто ги просветува масите токму во нашиот дух, токму во правец накај комунизмот; да се забрзаат неизбежните триеници, кавги, конфликти, полното распаѓање помеѓу Хендерсоновци — Лојд Џорџовци — Черчиловци (меншевиците и есерите — кадетите — монархистите; Шајдемановци — буржоазијата — каповците итн.) и правилно да се избере таков момент на максимално распаѓање меѓу сите тие „столбови на светата приватна сопственост“, за со решителна офанзива на пролетаријатот да се скршат сите тие и да се заземе политичката власт.
Историјата воопшто, а историјата на револуциите посебно, секогаш е побогата со содржина, поразнообразна, поразнострана, пожива, „поитра“ одошто си вообразуваат најдобрите партии, најсвесните авангарди на најнапредните класи. Тоа е и разбирливо, зашто најдобрите авангарди ја изразуваат свеста, волјата, страста, фантазијата на десетници илјади, а револуцијата ја остваруваат, во моменти на особен полет и напрегање на сите човечки способности, свеста, волјата, страста, фантазијата на десетници милиони, поттикнувани од најостра класна борба. Одовде произлегуваат два многу важни практични заклучоци: првиот, дека револуционерната класа, заради остварувањето на својата задача, мора да умее да ги овладее сите, без најмал исклучок, форми или страни на општествената активност (довршувајќи го по заземањето на политичката власт, понекогаш со голем ризик и огромна опасност, она што не го довршила до тоа заземање); вториот, дека револуционерната класа мора да биде готова за најбрзо и најнеочекувано сменување на една форма со друга.
Секој ќе се согласи дека е неразумно или дури и престапно држењето на онаа армија што не се готви да ги овладее сите видови оружје, со сите средства и начини на борбата коишто ги има или може да ги има непријателот. Но за политиката тоа се однесува уште повеќе одошто за военото дело. Во политиката уште помалку може да се знае однапред какво средство за борба ќе може да се примени и да биде погодно за нас при едни други идни услови. Но владеејќи со сите средства за борба, ние можеме да претрпиме огромен — понекогаш дури и решавачки — пораз, ако промените во положбата на другите класи, промени што не зависат од нашата волја истакнат на дневен ред таква форма на активност во која сме особено слаби. Владеејќи со сите средства за борба, ние сигурно победуваме штом ги претставуваме интересите на вистински напредната, на вистински револуционерната класа, дури и ако околностите не ни дозволат да се послужиме со најопасното оружје за непријателот, со оружјето што нанесува смртоносни удари. Неопитаните револуционери често мислат дека легалните средства за борба се опортунистички, зашто буржоазијата на тоа поприште особено често (најмногу во „мирни“, нереволуционерни времиња) ги обманувала и мамела работниците; — а дека легалните средства за борба се револуционерни. А тоа е неточно. Точно е дека опортунистите и предавници на работничката класа се оние партии и водачи што не умеат или не сакаат (не вели: не можам, рече, нејќам) да применуваат легални средства за борба во такви услови, на пример, како што беа во времето на империјалистичката војна од 1914—1918 година, кога буржоазијата на најслободните демократски земји со нечуена дрскост и цинизам ги обмануваше работниците, забранувајќи да се зборува вистината за грабачкиот карактер на војната. Но револуционери што не умеат да ги комбинираат легалните форми на борба со сите легални — се многу лоши револуционери. Не е тешко да бидеш револуционер тогаш кога револуцијата веќе вивнала и се разгорела, кога кон револуцијата се приближуваат сите и секој, просто од занес, од мода, понекогаш дури и од свои кариеристички побуди. „Ослободувањето“ од такви псевдореволуционери пролетаријатот подоцна, по својата победа, го плаќа со најтешки усилби, со мака, може да се рече, крвава. Каде-каде е потешко — каде-каде подрагоцено — да умееш да бидеш револуционер, кога уште нема услови за директна, отворена, навистина масовна револуционерна борба, да умееш да ги браниш интересите на револуцијата (пропаганднистички, агитационо, организационо) во нереволуционерни установи, а често и во директно реакционерни, во нереволуционерна ситуација, сред маса некадарна да ја сфати веднаш потребата од револуционерен метод на акција. Да умееш да го најдеш, да го напишаш, точно да го определиш конкретниот пат или особениот обрт на настаните којшто ги приведува масите кон вистинска, решителна, последна, голема револуционерна борба, — во тоа е главната задача на современиот комунизам во Западна Европа и Америка.
Пример: Англија. Ние не можеме да знаеме — и никој не е во состојба однапред да определи — кога таму ќе се разгори вистинска пролетерска револуција и кој повод најмногу ќе разбуди, ќе распали, ќе крене на борба многу широки, денеска уште заспани, маси. Ние сме поради тоа должни да ја вршиме сета наша подготовителна работа така што да бидеме потковани (како што милуваше да вели покојниот Плеханов) на сите четири нозе. Возможно е парламентарна криза да го „пробие“, да го „скрши мозот“; возможна е криза што произлегува од безнадежно заплетканите колонијални и империјалистички противречности, што ќе се изоформуваат сè поболно и поболно и ќе биде сè повеќе да се изоструваат; возможно е нешто трето итн. Ние не зборуваме за тоа каква борба ќе ја реши судбината на пролетерската револуција во Англија (тоа прашање не буди кај никого од комунистите сомнение, тоа прашање е за сите нас решено и е решено цврсто), ние зборуваме за поводот што ќе ги побуди денеска уште заспаните пролетерски маси да се раздвижат и ќе ги доведе до самата револуција. Да не заборавиме дека, на пример, во буржоаската француска република, во една ситуација којашто и од меѓународната и од внатрешната страна беше стопати помалку револуционерна одошто денеска, беше доволен еден таков „неочекуван“ и таков „ситен“ повод како што е една од илјади и илјади нечесни машинации на реакционерната военштина (Драјфусовата афера) да го доведе народот до граѓанска војна!
Комунистите мораат во Англија да ги исползуваат непрекиливо, неуморно, непоколебливо и парламентарните избори и сите перипетии на ирската, колонијалната, светскоимперијалистичката политика на британската влада, и сите други области, сфери, страни на општествениот живот, работејќи во сите нив на нов начин, комунистички, не во духот на Втората, туку на Третата интернационала. Јас немам овде ни време ни место за опишување на методите на „руското“, на „болшевичкото“ учество во парламентарните избори и во парламентарната борба, но можам да ги уверам странските комунисти дека тоа сосем не прилегаше на обичните западноевропски парламентарни кампањи. Од ова често прават заклучок: „Да, така е кај вас, во Русија, а кај нас парламентаризмот е подруг“. Неправилен заклучок. Затоа и постојат на светов комунисти, приврзаници на Третата интернационала во сите земји, за да ја преустројат по целата линија, во сите области на животот, старата социјалистичка, тредунионистичка, синдикалистичка, парламентарна работа во нова, комунистичка. Опортунистичко и чисто буржоаско, практицистичко, измамнички-капиталистичко имаше и на нашите избори секогаш доста и премногу. Комунистите во Западна Европа и во Америка мораат да се научат да создадат нов, необичен, неопортунистички некариеристички парламентаризам: за да дава партијата на комунистите свои пароли, вистинските пролетери со помошта на неорганизираната и сосем угнетена сиромаштија да растураат и да разнесуваат летци, да ги обиколуваат и посетуваат работничките станови, колибите на селските пролетери и на селаните од зафрлените краишта (во Европа, за среќа, има мошне помалку зафрлени села одошто кај нас, а во Англија нив ги има сосема малку), да влегуваат во крчмите во кои оди простиот народ, да се вовлекуваат во сојузи, друштва, случајни собири на простиот народ, да зборуваат со народот не учено (и не мошне парламентарно), да не ламтат ни најмалку за „местенце“ во парламентот, туку насекаде да ја будат мислата, да ја вовлекуваат масата, да ја фаќаат буржоазијата за зборот, да го искористуваат апаратот таа што го создала, изборите таа што ги распишала, позивите таа што ги упатила кон целиот народ, да го запознаваат народот со болшевизмот онака како што никогаш тој не можел да биде запознаен (при господството на буржоазијата) надвор од изборната ситуација (не сметајќи го, се разбира, моментот на големи штрајкови, кога исто таков апарат за сенародната агитација работеше кај нас уште поинтензивно).
Да се направи тоа во Западна Европа и Америка е мошне тешко, мошне и мошне тешко, но тоа може и мора да се направи, зашто без труд задачите на комунизмот воопшто и не можат да се решат, а пак треба да се трудиме за решавањето на практичните задачи што се сè поразнообразни, сè повеќе сврзани со сите гранки на општествениот живот, коишто (задачи) од буржоазијата сè повеќе освојуваат една по друга гранка, една по друга област.
Во истата таа Англија исто така на нов начин (не социјалистички туку комунистички, не реформистички туку револуционерно) треба да се постави пропагандата, агитационата и организационата работа во војската и меѓу угнетените и неполноправни националности на „својата“ држава (Ирска, колониите). Зашто сите тие области на општествениот живот во епохата на империјализмот воопшто, а сега по војната, којашто ги измачи народите и којашто брзо им ги отвора очите за вистината (имено: дека десетници милиони се убиени и осакатени само за да се реши прашањето дали англиските и германските грабливци ќе грабаат повеќе земји), — сите тие области на општествениот живот особено се полнат со запалив материјал и создаваат особено многу поводи за конфликти, кризи, за заострување на класната борба. Ние не знаеме и не можеме да знаеме која искра — од онаа бездна од искри што од секаде се сипат сега во сите земји, под влијанието на економската и политичката светска криза, — ќе биде во состојба да предизвика пожар, во смисла на специјално пробудување на масите, и ние сме затоа должни со нашите нови, комунистички, принципи да се зафатиме за „обработувањето“ на сите можни, дури и на најстари, задушени и привидно безнадежни попришта, зашто инаку нема да бидеме на висината на задачата, не ќе бидеме сестрани, нема да ги овладееме сите видови оружје, нема да се подготвиме ни за победата над буржоазијата (којашто ги огранизирала сите страни на општествениот живот — а сега ги дезорганизирала — на буржоаски начин) ниту за претстојната комунистичка реорганизација на целиот живот по таа победа.
По пролетерската револуција во Русија и неочекуваните, за буржоазијата и филистрите, победи на таа револуција во меѓународни размери, целиот свет стана сега подруг, буржоазијата насекаде стана исто така подруга. Таа е застрашена од „болшевизмот“, озлобена е против него речиси до лудило, и токму поради тоа таа, од една страна, го забрзува развојот на настаните, а од друга страна, го сосредоточува вниманието врз насилното задушување на болшевизмот, ослабувајќи ја со тоа својата позиција на цела низа други попришта. И двете околности мораат комунистите од сите развиени земји да ги имаат предвид во својата тактика.
Кога руските кадети и Керенски презедоа бесна хајка против болшевиците — особено од април 1917 и уште повеќе во јуни и јули 1917 година, — тие го „пресолија“. Милиони егземплари буржоаски весници, што на сите усти врескаат против болшевизмот, помогнаа да се вовлече масата во оценување на болшевизмот, а покрај весниците сиот општествен живот, токму благодарејќи на „усрдноста“ на буржоазијата, се хранеше со дискусии за болшевизмот. Сега, во меѓународни размери, милионерите од сите земји се држат така, што ние мораме да им бидеме од сè срце благодарни. Тие насаскуваат против болшевизмот со истата усрдност со каква што насаскуваа против него Керенски и комп.: тие при тоа исто така го „пресолуваат“ и исто онака ни помагаат како Керенски. Кога француската буржоазија прави од болшевизмот централна точка на изборната агитација, пцуејќи ги поради болшевизмот релативно умерените или колебливи социјалисти; — кога американската буржоазија, загубувајќи си ја сосем главата, апси илјадници и илјадници луѓе усомнети за болшевизам и создава атмосфера на паника, ширејќи насекаде вести за болшевички завери; — кога англиската, во светот „најсолидна“ буржоазија, и покрај сиот свој ум и опитност, прави неверојатни глупости, основа многу богати „друштва за борба против болшевизмот“, создава специјална литература за болшевизмот, наема за борба против болшевизмот нов контигент научници, агитатори, попови — ние мораме да им се поклониме и да им благодариме на господата капиталисти. Тие работат за нас. Тие ни помагаат да ги заинтересираме масите со прашањето за сушноста и значењето на болшевизмот. А тие не можат да постапуваат поинаку, зашто да го „замолчат“, да го задушат болшевизмот, во тоа веќе не успеаја.
Но наедно со тоа буржоазијата ја гледа во болшевизмот речиси само едната негова страна: востанието, насилието, тероси; буржоазијата затоа се труди да се подготви особено за одбрана и отпор на тоа поприште. Можно е, во одделни случаи, во одделни земји, за едни или други кратки временски периоди таа да успее во тоа: со една таква можност треба да се смета, и за нас апсолутно ништо страшно нема во тоа дека таа може во тоа да успее. Комунизмот „израснува“ апсолутно од сите страни на општествениот живот, негови никулци има апсолутно насекаде, „заразата“ (да ја употребиме на буржоазијата и на буржоаската полиција љубимата и за неа „најпријатна“ споредба) навлегла во организмот мошне цврсто и наполно го проникнала. Ако со особена грижливост „се затне“ еден од излезите — „заразата“ ќе си најде друг излез, понекогаш најнеочекуван. Буржоазијата нека се преметка, нека се озлобува до лудило, нека пресолува и прави глупости, однапред нека им одмаздува на болшевиците и настојува да истепа (во Италија, во Унгарија, во Германија итн.) нови стотици, илјадници, стотици илјади утрешни или вчерашни болшевици: постапувајќи така, буржоазијата постапува онака како што постапувале сите класи што историјата ги осудила на пропаст. Комунистите мораат да знаат дека иднината во сите случаи им припаѓа ним, и затоа ние можеме (и мораме) да ја комбинираме најголемата страсност во големата револуционерна борба со најладнокрвното оценување на бесните преклепкања на буржоазијата. Руската револуција беше жестоко разбиена во 1905 година; руските болшевици беа разбиени во јули 1917 година; беа истепани повеќе од 15.000 германски комунисти, со помошта на добро наместена провокација и вештите маневри на Шајдеман и Носке, заедно со буржоазијата и монархистичките генерали; во Финска и Унгарија беснее белиот терор. Но во сите случаи и во сите земји комунизмот се закалува и расте; неговите корења се така длабоки, што гонењата не го ослабуваат, не го обессилуваат, туку го засилуваат. Недостасува само едно за да тргнеме кон победата поуверено и поцврсто, имено: заедничка и докрај обмислена свест на сите комунисти од сите земји дека е потребно да бидат максимално еластични во својата тактика. На комунизмот, којшто сега прекрасно напредува, му недостасува особено во развиените земји таа свест и умеење да ја примени таа свест на практика.
Полезна поука би можело (и би морало) да биде она што стана со таквите високоучени марксисти и кон социјализмот предани водачи на Втората интернационала како што се Кауцки, Ото Бауер и др. Тие наполно ја сознаваа потребата од еластична тактика, тие ја учеа Марксовата дијалектика, и на неа ги учеа другите (и многу од тоа што сторија во тој однос ќе остане засекогаш драгоцена придобивка на социјалистичката литература), но тие во применувањето на таа дијалектика сторија таква грешка или на приктика се покажаа такви не-дијалектичари, се покажаа како луѓе до толкава мера некадарни да го земат предвид брзото изменување на формите и брзото полнење на старите форми со нова содржина, што нивната судбина не е многу позавидна од судбината на Хајндман, Гед и Плеханов. Основната причина за нивното банкротство се состоеше во тоа што тие „се загледаа“ во една определена форма на растежот на работничкото движење и на социјализмот, ја заборавија нејзината едностраност, се исплашија да го видат оној остар прелом што по силата на објективните услови стана неизбежен и продолжуваа да ги повторуваат простите, напамет научени, на прв поглед бесспорни вистини: три е повеќе од два. Но политиката повеќе прилега на алгебра одошто на аритметика и уште повеќе на виша математика одошто на нив. Всушност, сите стари форми на социјалистичкото движење се наполнија со нова содржина, затоа пред цифрите се појави нов знак: „минус“, а нашите мудреци упорно продолжуваа (и продолжуваат) да се уверуваат себеси и другите дека „минус три“ е поголемо од „минус два“.
Треба да се погрижиме да не се повтори со комунистите истата грешка, само од другата страна, или, поточно, — да биде поскоро поправена и побрзо, побезболно за организмот изживеана истата грешка, само од другата страна, што ја прават „левите“ комунисти. И левото доктринерство е грешка, а не само десното доктринерство. Се разбира, грешката на левото доктринерство во комунизмот е, во овој момент, илјади пати помалку опасна и помалку значителна одошто грешката на десното доктринерство (т.е. на социјал-шовинизмот и кауцкијанството), но тоа е така само затоа што левиот комунизам е уште сосема млада струја која штотуку се зародува. Само затоа болеста, под извесни услови, може да биде лесно излекувана, и потребно е да се зафатиме со нејзиното лекување со максимална енергија.
Старите форми прснаа, зашто се покажа дека новата содржина во нив — содржина на антипролетерска, реакционерна — достигнала прекумерен развиток. Ние сега имаме, од гледиштето на развитокот на меѓународниот комунизам, таква цврста, таква силна, таква моќна содржина на нашата работа (за советска власт, за диктатура на пролетаријатот), што таа содржина може и мора да се пројави во секоја форма, и нова и стара, може и мора да ги прероди, да ги победи, да ги потчини себеси сите форми, не само новите но и старите, — не затоа да се помири со старото, туку затоа сите форми, нови и стари, да ги направи орудие за полната и конечна, решителна и неповратна победа на комунизмот.
Комунистите мораат да ги вложат сите усилби, за да го насочат работничкото движење и општествениот развиток воопшто по најдиректен и најбрз пат кон светската победа на советската власт и кон диктатурата на пролетаријатот. Тоа е бесспорна вистина. Но доволно е да се направи мал чекор понатаму — би се рекло чекор во истиот правец — и вистината ќе се претвори во грешка. Доволно е да се рече, како што велат германските и англиските леви комунисти, дека признаваме само еден, само директниот пат, дека не допуштаме лавирање, пактирање, компромиси, и тоа веќе ќе биде грешка што може да му нанесе, делум веќе му нанесе и му нанесува, мошне сериозна штета на комунизмот. Десното доктринерство упорно остана при признавањето само на старите форми и банкротира докрај, без да ја забележи новата содржина. Левото доктринерство упорно останува при безусловното негирање на определените стари форми, без да види дека новата содржина си пробива пат низ сите можни форми, дека нашата должност како комунисти е да ги овладееме сите форми, да се научиме со максимална брзина да дополнуваме една форма со друга, да заменуваме една со друга, да ја пригодуваме својата тактика кон секоја таква промена што не е предизвикувана од нашата класа или од нашите усилби.
Светската револуција е така моќно поттикната и забрзана од ужасите, гнасотите, гадостите на светската империјалистичка војна, од безизлезноста на ситуацијата создадена од неа, — таа револуција се развива во ширина и длабочина со таква извонредна брзина, со такво чудесно богатство на форми што се сменуваат, со такво поучно практично побивање на секое доктринерство, што постојат сите разлози да се надеваме на брзо и полно извлекување на меѓународното комунистичко движење од детската болест „лев“ комунизам.
Напишано во април—мај 1920 г.
Објавено како одделна книга
во јуни 1920 г. во Петроград
во Државниот издавачки завод.